За време на Отоманската Империја, во Битола е изградено Ислахането како занаетчиско училиште за сираци уште во далечната 1899 година — преку еден век сведоштво за некогашната трансформација на суровиот потенцијал во вешта мајсторија.
Денес, окованделија на свој начин ја возобнови оригналната мисија, претворајќи го просторот во современ мултимедијален центар во кој визуелното и звучното искуство се спојуваат. Ѕидовите кои еднаш одекнуваа од занаетчиски алати, сега резонираат со фреквенциите на маѓународна модерна уметност.